send link to app

Boksy MK app for iPhone and iPad


4.4 ( 7424 ratings )
Education Book
Developer: Stabenfeldt AS
Free
Current version: 1.0.9, last update: 9 months ago
First release : 29 Oct 2022
App size: 53.57 Mb

Читај, слушај, играј!

Бокси e првата дигитална, детска библиотека.
Апликација на која може да уживате во илјадници книги, да креирате уникатен аватар, да собирате поени и парички и да освојувате многу награди!
Читајте и слушајте кога и каде сакате - нашата библиотека има книги за сите вкусови.
Бокси ја буди љубовта кон читањето.
Во нашата дигитална библиотека може да најдете книги на македонски, англиски и албански јазик. Може да бирате помеѓу аудио книги или е-книги.
Бокси претставува волшебен портал до нови светови и нови возбудливи приказни.
Читањето е фундаментална активност за развој на децата, зашто треба да ги бодриме своите деца што повеќе време да поминуваат читајќи.
- Ја подобрува концентрацијатa
- Ја подобрува меморијата
- Ги збогатува знаењата
- Се развива критичко размислување
- Се развива емпатија
-Ја проширува имагинацијата
Од суштинско значење е на децата да им се чита уште од најмала возраст. На тој начин им помагаме да ја засакаат книжевноста и да станат страсни читатели во текот на животот.
Во Бокси со секоја прочитана книга добивате парички и со истите може да купувате додатоци за својот аватар и да го направите уникатен и персонализиран.

За сите прашања и информации посетете ја boksy.mk или контактирајте нѐ на [email protected]